На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на денешата седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од формирање на меѓуресорска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Република Македонија со план за негово воспоставување.
Со заклучок на денешната седница, министерот за внатрешни работи во рок од 3 дена од добивањето на номинациите е задолжен да достави до Владата предлог одлука за формирање на меѓуресоска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Република Македонија со план за негово воспоставување.