Во полициската станица Аеродром утрово било пријавено дека во петокот четворица ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, во населбата Аеродром, низ прозорец фрлиле нивна соученичка.
Инцидентот се случил се случил за време на малиот одмор, а девојчето се здобило со повреди.
„Денеска во 07.50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека на 28 септември, во периодот од 10.30 до 11 часот во основно училиште ‘Ѓорѓија Пулевски’ во Скопје, за време на малиот одмор, четири ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја“, велат од МВР.
Девојчето се здобило со телесни повреди. Од МВР информираат дека родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.