Костадинов: Новите барања на Мицкоски се обид за барање амнестија

Макфакс

02/10/2018

14:50

1.379

Големина на фонт

а а а

Измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски. Мицкоски сака да ја загрози иднината на Македонија со постапки што се против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски, исто како и Ѓорге Иванов, е под контрола на Груевски. Мицкоски, Иванов и Груевски треба да знаат дека нема амнестија за никого. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да се соочи со одговорност“, рече Костадинов.

Според него, должност на сите политичари, вклучително и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

„Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите за конечно членство во ЕУ и НАТО“, рече Костадинов.