Мурињо низ насмевка за телефонскиот повик со Зидан: Прашајте го новинарот, ми го прислушкува телефонот

Дерби

02/10/2018

12:53

3.017

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо направи вистинско шоу на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот со Валенсија во Лигата на шампионите, бидејќи даде одговор во свој стил околу тоа дали Зидан ќе биде негов наследник во Манчестер Јунајтед.

Португалскиот стручњак беше расположен за шегување со новинарите, а особено на прашањето од шпански новинар, дали е вистина или шпекулација во врска со телефонскиот повик од страна на Зинедин Зидан, информација која ја пренесе англиски ,,Сан”.

– Новинарот од ,,Сан”, кој е присутен на прес-конференцијава, ми го прислушкува телефонот и ги знае сите овие работи. Прашајте го него, тој знае повеќе од мене, – низ насмевка изјави Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг