Руска амбасада: Гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија

Макфакс

01/10/2018

21:06

2.173

Големина на фонт

а а а

Руската амбасада во земјата преку профилот на социјалната мрежа „Твитер“ се огласи во врска со референдумот за прифаќање на договорот со Грција.

„Резултатот од референдумот во Македонија сведочи дека гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија. Две третини од македонските граѓани не ја поддржаа Преспанската спогодба. Таа е спротивна на македонскиот устав и меѓународното право“, наведе амбасадата.

Слична порака за референдумот испрати и руското МНР од каде истакнаа дека референдумот е нелегитимен и упатија обвинување до НАТО и ЕУ за мешање во внатрешните работи на земјата за време на кампањата.