СДСМ: Панични реакции во врвот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи над 600.000 граѓани гласаа „за“

Макфакс

01/10/2018

18:35

1.489

Големина на фонт

а а а

Неоснованите пријави се панични реакции во врвот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи над 600 илјади граѓани слободно, на референдумот, гласаа ‘за’, реагира СДСМ по прес-конференцијата на опозицијата во врска со референдумот.

„Граѓаните и институциите спроведоа мирен демократски референдумски ден на кој граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување. Лагите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Дури и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денот на референдумот го оцени како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки што се воделе непристрасно“, се нагласува во реакцијата на СДСМ.

Социјалдемократите сметаат дека волјата на граѓаните на реферндумот е јасно изразена, а граѓаните се за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Должност на сите политички партии, на сите пратеници, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и да ги продолжат процесите што водат во ЕУ и НАТО. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ во немоќ манифестира паника што и покрај бојкотот што го заговараше, граѓани и членови од оваа партија излегоа на референдумот и гласаа, а мнозинството од над 600 илјади се изјасни ‘за’ ЕУ и НАТО“, се додава во соопштението.

Затоа, партијата што со години вршеше брутални прекршувања на Изборниот законик, велат од СДСМ, партијата што организира избори по принципот „некое ливче нека снема“ и „вадење гласачи за уши“ денеска поднесува несоновани пријави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг