Со цел подигање на свеста за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, СВР Скопје – Одделението за превенција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај на патиштата и РК „Вардар“, денеска, во населбата Аеродром, реализираа сообраќајно едукативната кампања со мото „Шампионите возат одговорно“.
Како партнери во насока на унапредување на безбедноста на патниот сообраќај, што воедно претставува заедничка цел и одговорност, на овој сообраќајно-едукативен настан, односно стандардна контрола на сообраќајната полиција, учествуваа, покрај членови на РСБСП, и ракометарите од РК „Вардар“, Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс, кои на одговорните возачи како награда им поделија по две влезници за натпреварот од ракометната Лига на шампионите помеѓу „Вардар“ и „Рајн Некар Левен“.