Кристијано Роналдо веќе 10 години е една од најголемите фудбалски ѕвезди. Иако беше прилично неугледен кога пристигна во Манчестер Јунајтед, многу брзо се претвори во "лебед" и почна да ги заведува сите жени кои му застанаа на патот.
Овие денови светските медиуми шират гласини за тоа дека Роналдо во 2009 година силувал студентка од Лас Вегас во еден хотел. Наводно тоа се случило во период кога Роналдо премина во Реал Мадрид од Манчестер и така ги разочарал сите девојки во Велик Британија. Една од неговите девојки, со која се забавуваше во 2009 година беше Џема Аткинсон.
Русокосата во едно интервју раскажа за првиот љубовен состанок со Роналдо, велејќи дека бил необичен и дека биле кај неа дома, пиеле чај и гледале филм.
Како причина за раскинувањето Џема рекла дека голема улога одиграа медиумските натписи за тоа дека Роналдо сакал да биде во друштво на проститутки.
Пред Џема, јавноста ја следеше возбудливата врска на Роналдо и Нереида Гаљардо, која обожуваше да споделува голи фотографии. Роналдо после неколку месеци ѝ раскина по пат на СМС порака.
После овие две девојки, се зборуваше дека Роналдо успеал да ги заведе Парис Хилтон и Ким Кардашијан иако овие врски никогаш не биле потврдени. Но, Роналдо подоцна започна да се забавува со руската манекенка Ирина Шајк со која почна да живее откако се роди неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор. Парот беше во врска пет години, а Ирина раскажа дека фудбалерот постојано ѝ ја нарушувал самодовербата.