Зошто е лесно да се натераат луѓето да прават страшни работи

Точка

01/10/2018

17:27

3.463

Големина на фонт

а а а

Познато е дека луѓето можат на други луѓе да им направат страшни работи, ако примат таква наредба. Но, зошто е толку лесно да не убедат да направиме нешто што во други околности никогаш не би го направиле?

Новиот научен експеримент, објавен во списанието "Current Biology", го разјаснува ова етичко прашање. 

Патрик Хагард, научник од Универзитетскиот колеџ во Лондон, заедно со своите колеги, сакал да измери што се случува во човечкиот мозок кога му е наредено нешто да направи, а не сме одлучиле сами така да постапиме, пишува порталот "Ars Techica".

Во раните 60-ти години од минатиот век, психологот од Јејл, Стенли Милграм, работел на серија експерименти со цел да открие колку далеку се луѓето подготвени да одат кога следат заповед. Волонтерите давале електрошокови на непознати луѓе, кои всушност биле актери, и кои се претворале дека трпат големи болки. Некои дури и глумеле дека имаат срцев удар.

Милграм утврдил дека повеќето волонтери продолжувале даваат електрошокови кога тоа им го наредувал персоналот во лабораторијата, па дури тогаш кога актерот делувал многу повреден. Многу мал процент од нив, и покрај наредбата, одбиле да продолжат со електрошоковите.

Експериментите на Милграм ги разбудиле духовите по прашањето за човековата природа, но и начините на кои експериментот бил спроведен. Многу волонтери претрпеле емоционални стравови поради преживеаното искуство.

А за да ги добие своите резултати, Милграм ги лажел учесниците во експериментот.

Како одговор на експериментот на Милграм, универзитетите и другите установи кои спроведуваат истражувања на луѓе, оформиле Институционален одбор за надзор - IRB - кој ги надгледува таквите експерименти.

Хагард и неговиот тим спровеле слично истражување.

Тие откриле дека луѓето, ако им е нешто наредено, чувствуваат дека имаат помала контрола над своите постапки, како да делуваат ненамерно. Тоа објаснува зошто на луѓето им е толку лесно да прават лоши работи.

Кога извршуваме некоја наредба, чуствуваме дека имаме помала контрола над резултатот на нашите постапки. Искуството е толку различно, што нашиот мозок поинаку го процесуира.

Принудата ја намалува невролошката обработка на резултатот на сопственото делување.

Луѓето кои се покоруваат на наредбите, субјективно ги доживуваат своите постапки повеќе како пасивно делување, отколку како свои доброволни постапки. Поради тоа се чувствуваат помалку одговорни.