Стоилковски: За какви предвремени избори прашувате?

Макфакс

01/10/2018

16:13

1.392

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, не одговори дали се веќе консултирани пратеници да гласаат за уставните измени. На новинарско прашање во врска со најавите за можноста за избори во ноември, тој праша: „За какви предвремени избори прашувате?“

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава за повреда на гласачкиот процес. „Народот на РМ покажа патриотизам и демократска свест. До Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе поднесеме кривична пријава за полнење избирачки кутии, за групно гласање во Струга, Сарај и на други места“, рече тој.

Стоилковски рече дека бараат и графолошко вештачење на изборниот материјал. Тој истакна дека сторителите и нарачателите ќе одговараат за фалсификуваните резултати.

„Власта посегна по криминалот за изборни цели“, рече Стоилковски.