ДИК: Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината запишани во Избирачкиот список

Макфакс

01/10/2018

15:14

3.704

Големина на фонт

а а а

На вчерашниот референдум гласале вкупно 666 743 или 36,91% одѕив, Државната изборна комисија ги соопшти податоците од референдумот.

Од нив „за“ гласале 91,46% или 609 813, додека против гласале 37 700, односно 5,65%. Овие податоци што ги објави Државната изборна комисија на својата денешна прес-конференција ги вклучуваат и гласовите од дијаспората.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, изјави дека одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината запишани во Избирачкиот список.

Извештајот со резултатите од гласањето најдоцна 15 дена од денот на нивно објавување ќе биде објавен во „Службен весник“ и иститот ќе биде испратен и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, додаде претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.