Единствена Македонија: Голема победа на „Македонија бојкотира“

Макфакс

01/10/2018

14:49

1.853

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб против референдумот „Македонија бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија вчера ѝ нанесоа силен референдумски пораз на марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар, соопштија од партијата Единствена Македонија, која е дел од кризниот штаб против референдумот.

„Поразот за власта е уште поголем ако се знае дека кризниот штаб ‘Македонија бојкотира’ во исцрпувачката 20-дневна кампања на терен со скромни ресурси го победи силниот противник како што беше марионетската власт и нејзините странски газди од НАТО, САД, ЕУ, како и скапата референдумска кампања во милиони евра. Кризниот штаб ‘Македонија бојкотира’ македонскиот народ и поголем дел од граѓаните ја извојуваа победата оти наспроти силата и парите на марионетската власт и нејзините странски ментори го имаа најсилниот и нескршлив аргумент што не се купува со никакви пари: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на светото македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ“, велат од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг