Британскиот министер за брегзит, Доминик Раб, ги предупреди денеска Европската Унија и членовите на неговата поделена Конзервативна партија дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор со Брисел, пред да прифати блиски врски и обврски.
Раб рече дека Лондон нема да има друг избор освен да замине без договор ако Унијата се обиде да ја задржи Велика Британија врзана „преку спореден влез”.
Многу конзервативци не го прифаќаат овој став, што би можело да дојде до израз на годишниот конгрес на партијата во Бирмингем. Тие сакаат да ги задржат блиските врски со ЕУ откако Британија ќе го напушти европскиот блок во март следната година. Таквиот став е поддржан од големите деловни групи, кои се плашат дека ограничувањето на трговијата и вработувањето ќе ја оштети британската економија.