Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, соопшти дека е премногу рано да се зборува за тоа дали Русија ќе ѝ пружи помош на Србија по заострувањето на ситуацијата на Косово, пренесува „Спутник“.
,,Прво треба да се одржи состанок”, одговори портпаролот на Кремљ на новинарското прашање дали Русија ќе ѝ понуди помош на Србија.
Претходно беше објавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, планира да побара поддршка од Владимир Путин за решавање на ситуацијата на Косово. Средбата на двајцата претседатели е планирано да се одржи утре. Вучиќ во саботата изјави дека на средбата со Путин ќе разговара за сите важни прашања за Србија, а дека приоритет во разговорите ќе биде ситуацијата во Косово.