Доколку имате шипка за кревање, тогаш задолжително изведувајте ја оваа вежба.
Долготрајните вежби за стомачни мускули понекогаш знаат да бидат и здодевни. За таа цел ви претставуваме вежба која ќе го активира поголемиот дел од вашиот стомак, но ќе ги активира и мускулите на вашите раце и бутови.
Станува збор за подигнување на нозете. Се што треба да направите е да се фатите за вратилото, да ги испружите рацете, а потоа да ги кревате нозете кон стомакот. Нозете можете да ги свиткате во колената и така да ги кревате, а можете да ги кревате и со исправени колена доколку сакате потешка варијанта од оваа вежба.
Во двата случаи, вашиот стомак ќе биде под голем напор, а ќе се активира целиот абдоминален дел. Бидејќи ќе се држите за вратилото, мускулите на вашите раце ќе бидат исто така активирани, така што ова може да се смета и како вежба за целокупното тело.
Вежбата правете ја во серии од 10-15 повторувања. Доколку чувствувате дека тоа ви е многу, тогаш подигнувајте се до максимум, одморете 1-2 минути, а потоа продолжете со следната серија.
Погледнете го видеото со цел да видите како правилно се изведува оваа вежба: