САД го поздравија референдумот и граѓаните кои дадоа поддршка за НАТО и ЕУ

Макфакс

01/10/2018

09:30

1.697

Големина на фонт

а а а

САД ги поздравија резултатите од референдумот во Македонија, во кои граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

,,САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“, се вели во соопштенето на американскиот Стејт департмент.

Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, Стејт департментот ги повикува лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции.