ДИК: Дo 18.30 часот одѕивот изнесува 34,09 проценти

Макфакс

30/09/2018

19:19

2.780

Големина на фонт

а а а

Од обработени податоци на 84,83 проценти од избирачките места, до 18,30 часот излезноста на референдумот е 34,09 отсто, соопшти Оливер Дерковски, претсеадтел на Државната изборна комисија. Во бројки своето гласачко право го оствариле вкупно 519.435 гласачи.

Најголема е излезноста во Сарај, 65,59 проценти.

Дерковски очекува бројката да се надмине до 19 часот. Нема информации дека некаде ќе биде продолжено гласањето. Генералната оценка е дека денот поминал добро, артмосферата надвор и тука е добра, со исклучок на мали инциденти кои се санкционирани и санирани.

„Референдумотпомина добро и мирно, се надевам дека сликата за Македонија е добра“, рече Дерковски.

Следната прес-конференција е закажана помеѓу 21.30 и 22 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг