ДИК: Дo 17 часот одѕивот изнесува 28,83 проценти

Макфакс

30/09/2018

18:08

2.201

Големина на фонт

а а а

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 17 часот гласале 455 771 гласач или 28,83 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а од обработени 87,25 проценти од гласачките места.

Дерковски рече дека сликата од референдумот е добра и апелираше да не се дозволи да биде нарушена.

Според најновите податоци од ДИК, до 17 часот највисок одѕив има во општините Сарај или 54,21 процент, Липково – 41,56 %, Центар – 40,87 отсто, Арачиново 38,30 проценти и Карпош – 38,11 отсто. Најнизок одѕив има во Ново Село или 13,80 проценти, Илинден 14,47 отсто и Старо Нагоричане 16,18 проценти.

Комисијата добила неколку приговори соопшти Дерковски, но како што рече сите биле одбиени бидејќи немале основ.

„Пристигнаа уште неколку приговори до ДИК, комисјата ги разгледа и сите беа едногласно одбиени бидејќи нема законит основ да бидат прифатени“, рече претседатњлот Дерковски

Се работи за луѓе што не се нашле на избрачкиот список, менувале лични документи или не ги поседувале или пак не го искоростиле правото да бидат запишани во Избирачкиот список, додаде Дерковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг