ДИК: Дo 15 часот одѕивот изнесува 22,56 проценти

Макфакс

30/09/2018

16:14

2.553

Големина на фонт

а а а

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 15 часот гласале 334,075 гласачи или 22,56 отсто од запишаните. Гласањето, како што рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, тече во мирна атмосфера и без поголеми инциденти.

Според најновите податоци од ДИК, највисок одѕив има во општините Сарај 36,57 проценти, Центар – 34,51 отсто, Карпош – 32,24 проценти, Липково – 30,42 отсто. 

Најнизок одѕив има во Ново село 9,97 отсто, Илинден – 10,49 проценти и Босилово – 11,44 отсто.

Најголем дел од пријавите, како што рече претседателот на ДИК, се однесуваат на лица на кои им истекла важноста на личните карти или некои во меѓувреме станале полнолетни и извадиле нови лични карти, поради што, системот ги нема евидентирано и неможат да гласаат. Дерковски рече дека овие пријави се одбиени, бидејќи системот е затворен и нема рок за да може да се интервенира.

Тој им се заблагодари на граганите за демократскиот пристап и почитување на законите при изразувањето на нивното гласачко право, но и на институциите во справувањето со малите инциденти за време на гласачкиот ден. Им порача на оние кои го нарушуваат редот и мирот, дека за нив ќе следат санкции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг