ДИК: До 13 часот одѕивот изнесува 16 проценти

Макфакс

30/09/2018

14:41

3.092

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот гласале 261 473 гласачи, од вкупниот број на запишани, или 16 проценти.

Овие податоци се од 90,22 проценти од избирачките места од вкупниот запишани, рече Дерковски. 

Највисок одѕив има во Центар – 26,29 проценти, Карпош – 23,97 отсто и Сарај – 21,24 проценти.

Најнизок одѕив има во Босилово-6,96 проценти, Могила – 7,04 отсто и Пласница – 7,17 проценти.

Како што рече Дерковски, гласањето се движи во просек од 7,82 проценти до 19,2 отсто, со што изваден е просек од 16 проценти.

„Денот се одвива најнормално со многу мали инциденти кои веднаш се решаваат. Кога во целина се гледа целата слика нема некои посериозни нарушувања. Апелирам до граѓаните до крајот на гласањето, до 19 часот, да го искажат својот демократски капацитет и да докажеме дека Република Македонија може да спроведе референдум како што треба“ порача Дерковски.

Според информациите, во општина Чаир бил заменет член на избирачки одбор кој агитирал на самото избирачко место, што е строго забрането по закон.

На гласачко место Грчец во општина Сарај, пак било констатирано дека едно лице се заканувало, поради што веднаш било инервенирано, по што продолжил процесот на гласање, рече Дерковски. Тој додаде дека не е точно дека имало 13 ливчиња плус.

Претседателот на ДИК, апелираше до граѓаните да ги почитуваат законите, а за тие за кои има записници, тој рече дека ќе има санкции.

„Не толерираме никого и за секого ќе има сооедветна казна“ рече Дерковски.

Тој објасни дека најчесто има приговори за граѓани кои не се нашле во избирачкиот список.

„Го пропуштиле рокот за пријавување, затоа апелиравме сите да проверат дали се во избирачкиот список. Сега веќе списокот е затворен и неможе да се интервенира“ истакна Дерковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг