Лидерот на Европската народна партија повика македонските граѓани да избегнат бојкот

Макфакс

26/09/2018

20:11

1.414

Големина на фонт

а а а

Жозеф Дол, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), преку објава на социјалната мрежа Твитер ги повика македонските граѓани да не го бојкотираат претстојниот референдум на 30. септември.

„Народот на ПЈРМ ќе има историска шанса да одлучи за иднината на Македонија на референдумот во недела. ЕПП секогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на регионот како и граѓаните да го искористат своето демократско право да изразат мислење и да избегнат бојкот“, напиша шефот на ЕПП.



Спонзорирани линкови

Маркетинг