На овој аеродром никој не би се бунел доколку авионот доцни три часа

Точка

26/09/2018

17:26

10.827

Големина на фонт

а а а

Повеќе не мора да го трошите вашето време пред крајот на летувањето, чекајќи да се качите на авион во ограничениот простор од аеродромската зграда.

За таа цел, авиокомпанијата Вирџин Холидејс, наместо чекални, ја претставила т.н. "плажа за поаѓање" - приватна плажа на Барбадос која е дизајнирана за искористување на секоја минута од вашето летување покрај вода. 


На плажата се наоѓа климатизиран бар, тоалети и соблекувални за сите оние кои сакаат да се капат до самото полетување. На оваа плажа не мора да мислите на ништо бидејќи освен лежалки и чадори, ве чекаат и крпи и торба во која можете да го спакувате мокриот костим за капење. Покрај тоа добивате и бесплатен ручек и максимално искористување на последниот ден на овој карипски остров.


"Летувањето треба да претставува задоволство од почеток до крај, па затоа макотрпно работевме на тоа патниците да ги избегнат сите напорни процедури на аеродром. Плажата за поаѓање веќе започна со работа, а впечатоците се одлични", вели Ники Голдсмит, директорка за развој на компанијата.

Главната причина за постоење на оваа плажа е тоа што повеќето хотели и крузери ги одјавуваат патниците напладне, а со тоа туристите го губат последниот ден кој секако може да се искористи до максимум.


Влезот на плажата е бесплатен за патниците кои патуваат преку наведената авиокомпанија и отседнуваат на плажата Савана, а сите останати треба да платат влез од 25 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг