Баба убила ѕвер од 260 килограми поради брутална одмазда: "Ми го изеде коњот и доби куршум во глава"

Точка

24/09/2018

21:45

13.192

Големина на фонт

а а а

Бабата Џуди Кокран од Тексас успеала да убие 3,5 метри долг и над 260 килограми тежок алигатор. Таа вели дека се осудила на ваков потег со цел да му се освети на животното кое го изело нејзиниот коњ.

Американката Џуди Кокран останала без својот мал коњ кога, како што се сомнева таа, алигатор го изел животното. 

Останувајќи без своето милениче, таа три години ја спремала одмаздата на својот ранч во Гудрич, и со помош на еден куршум го усмртила опасниот рептил.

"Еден куршум во глава и само потона во водата. Тие обично пред смртта почнуваат да се превртуваат, но овој не го направи тоа", изјавила Кокран во интервју за локалните медиуми и додала дека од исчезнувањето на нејзиниот коњ, се сомневала токму во тој алигатор.

Нагласила дека нејзиниот коњ бил со големина на лабрадор, па затоа алигаторот можел да го "изеде како ужина".

"Обично алигаторите не не' вознемируваат, но овој го набљудувавме", изјавила бабата која планира да го препарира телото на животното и да ја изложи главата и опашката, додека месото ќе го изеде со своето семејство.

Инаку, во овој округ е дозволен лов на алигатори, но само еднаш годишно во периодот од 10-ти до 30-ти септември, а еден од условите за лов е животното да биде намамено, а потоа убиено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг