Димитров и Анѓушев во Велес: На 30 септември ја отклучуваме вратата кон подобра иднина

Макфакс

24/09/2018

09:56

2.165

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров вчера беа во посета на Велес каде што се сретнаа со граѓаните од градот и околината. Тие исто така имаа обраќања на граѓанска трибина пред велешкиот театар. Воедно одговараа и на прашања од присутните.

Министерот Димитров се осврна на фактот дека референдумот е надпартиски и е поголем од кариерите на сите политичари. Референдумот е прашање за европска иднина на Македонија. “На 30 ти септември силно ќе светне ден. Народот зборува преку гласање и затоа народот го прашуваме. Бегање од референдум е бегање од гласот на народот. Наша е оваа држава. Ова е завет за нашата генерација и имаме задача и должност да ја завериме независноста на Македонија”.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од родниот Велес порача дека гласот За на 30 септември е глас за економски стабилна и просперитетна иднина.

“Бугарија која беше земја во развој на пониско економско ниво од Македонија го препозна моментот и влезе во Европска Унија пред нас. И додека таму растеа платите, растеше цената на метар квадратен, а ние што правевме – влеговме во политички превирања и дебати. Ние мора сега да ја искористиме шансата што ни се нуди, затоа што шансите не се повторуваат”. Тој порача граѓаните да излезат на гласање затоа што немаме млади за извоз, туку имаме млади кои ќе креираат производи за извоз.

Активностите на министерот Димитров продолжуваат денеска, во Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг