Путин испраќа транспортни авиони во Сирија: Нивниот товар е тајна, а сите се сомневаат во едно...

Точка

24/09/2018

14:09

5.879

Големина на фонт

а а а

Неодамна Русија организираше воени вежби во источниот Медитеран со што практично воведе зона на забрана на летови во близина на бреговите на Сирија, Либан и Кипар.

Истиот ден, од руската воена база Хмејмим во руската воздушна база „Моздок“ се упатил руски воен транспортен авион „Ил-76“, а преку Турција и Црното море, во Русија се упатил и уште еден авион од истиот тип.

Летовите продолжувале до денес, а кон истата база „Моздок“ во Русија летале уште неколку транспортни авиони. Набрзо потоа, од базата „Моздок“, два транспортни авиони се упатиле кон Хмејмим во Сирија, додека авион „Ил-76“ од Сирија се упатил за „Моздок“, што сугерира на тоа дека руската армија врши сериозен транспорт на, најверојатно воена опрема.


Забележани биле и летови на 21 и 22 септември, но на 20-ти и 23-ти септември бил забележан практично „воздушен караван“ на рута Русија и сириската провинција Латакија.

После соборувањето на рускиот авион „Ил-20“, Путин порача дека „ќе бидат превземени сите потребни мерки“, а иако многумина очекуваа пожесток одговор на Русија, сепак властите од Кремљ засега немаат превземено ништо конкретно после соборувањето на рускиот авион.

Сепак, според најновите информации, после затворањето на воздушниот простор, руски транспортни авиони заминуваат и пристигнуваат во Сирија, па иако товарот е во строга тајност, воените аналитичари сметаат дека руската армија распоредува против-воздушни системи од типот „С-300“, или пак „Бук“ или „Панцир“ во Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг