Викендов сонце, од понеделник дожд и пад на температурите

Макфакс

21/09/2018

18:53

1.540

Големина на фонт

а а а

До крајот на неделата нѐ очекува сончево и топло време, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.

Во текот на утрешниот ден минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 28 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер и температури до 31 степен. 

Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето, која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг