Челси одбиле богата понуда за Вилијан

Точка

21/09/2018

17:33

1.659

Големина на фонт

а а а

Од лондонски Челси во летниот преоден рок одбиле голема понуда која што пристигнала на адреса на клбот за услугите на Бразилецот Вилијан.

Бразилецот поради несогласувањата со Конте имал намера да го напушти Челси, а еден период се поврзуваше со трансфер во Барселона. Сепак, откако Сари беше назначен за нов тренер на лондонската екипа, стана јасно дека Вилијан ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

Како што пренесуваат англиските медиуми, неколку понуди за услугите на Вилијан пристигнале од Барселона, а највисоката била 65 милиони фунти. Сепак, во клубот била донесена одлука Вилијан да не биде продаден.

Бразилецот добро ја започна оваа сезона – на седум одиграни натпревари има постигнато два гола и две асистенции, а ова е негова шеста сезона во дресот на „сините“ од Лондон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг