Хоророт на Балканот: Црна Гора започна со исплатата на обесштетувањето на жртвите од озлогласениот логор

Точка

21/09/2018

21:01

5.864

Големина на фонт

а а а

На државјаните на Хрватска и Босна и Херцеговина започна да им се исплаќа целосното судско обесштетување, но постојат и други барања на поранешните војници кои што беа брутално измачувани.

Црна Гора ги подмири сите свои обврски кон поранешните затвореници кои што биле измачувани во озлогласениот логор „Морињ“ во Бока-Которскиот залив во раните 90-ти години, исплаќајќи им речиси милион и пол евра врз темел на судските пресуди.

Правниот застапник на лицата кои што биле затворени во логорот, Здравко Беговиќ, за црногорските медиуми изјави дека налогот на судот е целосно извршен и дека на неговите клиенти им е исплатен секој цент, односно точно 1,43 милиони евра.


Беговиќ сепак додаде дека тоа не е крајот кога се работи за барањата во тужбата поврзана со логорот „Морињ“ во кој што во 1991-ва и 1992-ра година биле затворени државјани на Хрватска и Босна и Херцеговина после српско-црногорската агресија на регионот околу Дубровник во 1991-ва година.

Тој истакна дека неговите клиенти, 220 поранешни затвореници, откако го добиле обесштетувањето за злоставувањето и измачувањето, поднеле нови тужби против Црна Гора поради последиците кои што ги претрпиле во текот на нивниот живот. Висината на барањата за обесштетување поединечно изнесува од 10 до 15 илјади евра.


„До основните судови поднесувавме барања за надомест на материјална штета. Станува збор за воени заробеници од логорот „Морињ“ кои се државјани на Хрватска и Босна и Херцеговина“, потврди Беговиќ.

После почетокот на српско-црногорската агресија на Дубровник, бројни војници на хрватската армија, но и цивили, биле заробени од страна на тогашната југословенска армија и транспортирани во озлогласениот логор „Морињ“ каде што биле изгладнувани и измачувани. Се проценува дека во логорот имало 290 затвореници, од кои две лица загинале како последица на малтретирањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг