АВМУ: Анкети заклучно со 24-ти, а референдумски молк од 28-ми септември

Макфакс

21/09/2018

13:35

1.017

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето.

Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година (понеделник).

„Референдумскиот молк почнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28 септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот“, се наведува во соопштението на АВМУ.

За повеќе детали што сé се смета за прекршување на молкот, радиодифузерите да го консултираат Упатството за медиумско претставување за време на референдум, достапно на веб- страницата на Агенцијата во банерот РЕФЕРЕНДУМ 2018.

Следната недела, како што информираат од агенцијата, ќе бидат објавени извештаите за констатираните прекршувања и првиот извештај за медиумското покривање на референдумот.