Референдумот да се одржи, оти нема да успее, порачаа од „Македонија бојкотира“

Макфакс

20/09/2018

14:31

2.002

Големина на фонт

а а а

Референдумот да се одржи оти нема да успее, порачаа од „Македонија бојкотира“.

„Уставниот суд одлучи според логиката на политиката, а не логиката на правото, но ова на марионетската власт ќе ѝ се врати како бумеранг оти по неуспешниот референдум почнува процесот на паѓање на оваа ненародна власт“, велат од кризниот штаб против референдумот.

Вчера Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.