Енес Ибрахим: Како во 1991 година, така и на 30 септември Турците се „за“

Макфакс

20/09/2018

10:36

1.627

Големина на фонт

а а а

Партијата за движење на Турците (ТХП) продолжува да ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на претстојниот референдум, кој ќе се одржува на 30 септември. Со таа цел ТХП синоќа организира средба во Куманово, каде што се обрати и претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим.

Енес Ибрахим им потенцира на Турците од Куманово дека единствената алтернатива за перспективна и стабилна Македонија е патот кон НАТО и ЕУ. Затоа масовно треба да се излегува на референдумот и да се даде поддршка на оваа историска можност.

,,Турците како лојални граѓани на оваа земја и во далечната 1991 масовно и едногласно беа за независна и суверена Македонија, не се сомневам дека истото ќе го сторат и на 30 септември и конечно нашата земја ќе се доближи до семејството на ЕУ, а тоа ќе значи економска, општествена, безбедносна преродба за сите граѓани“, истакна Ибрахим.

Во Куманово делегацијата на ТХП имаше и куса средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг