ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра

Макфакс

20/09/2018

09:58

896

Големина на фонт

а а а

Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кој никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции ама затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.

„Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Потврда на катастрофата која ја донесе СДСМ е податокот дека капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33 проценти за првите 7 месеци од годината.

Граѓаните не знаат каде завршуваат нивните пари, ама затоа Зоран Заев во обидот да го покрие капитуланскиот договор фрла десетици милиони евра народни пари да се служи со лаги и манипулации се со цел да го оправда прифаќањето на грчките линии“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека Заев преку задолжувањата се обидува да им наметне на граѓаните дека подобро би им било ако се самоукинат да го сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои се наследени од нивните претходници.