Времето ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 26 до 32 степена. Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.
До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. В недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.