Ја силувале и мачеле како 14-годишно девојче: Американката која преживеала 9-месечен пекол шокирана од одлуката на правосудните органи

Точка

20/09/2018

09:39

7.053

Големина на фонт

а а а

Ванда Барзи, Американска која со сопругот Брајан Дејвид Мичел во 2002. година ја киднапирала 14-годишната Елизабет Смарт од Јута, денес, на запрепастување на јавноста, била ослободена од затвор.

Токму Смарт, која била силувана и мачена од монструозниот брачен пар за време на заробеништвото, била најшокирана од одлуката на правосудните органи кои изјавиле дека Барзи се ослободува бидејќи грешно била пресметана должината на нејзината казна. 

Смарт зборувала како нејзината киднаперка го поттикнувала својот партнер да ја силува. "Ванда ќе седеше веднаш до мене. Нејзиното тело го допираше моето", рекла Елизабет.

Мичел ја киднапирал Елизабет под закана со нож, а жртвата била силувана и мачена девет месеци пред да биде спасена. Киднаперот е осуден на доживотен затвор, но неговата сопруга ќе биде ослободена бидејќи службениците погрешно ја пресметале нејзината казна. Барзи требало да остане во затвор до 2024. година, потсетува "Ao1.com".

Елизабет била шокирана од вестите за ослободувањето на нејзината киднаперка, а жителите на Јута исто така изразиле загриженост. Ни членовите на семејството Барзи не сакаат да имаат ништо со неа.

"Не ги знам сите услови на нејзиното ослободување, но властите неколку пати ме уверија дека будно ќе ја следат. Кога нешто ќе направи лошо, ме уверуваат дека ќе ја вратат во федералниот затвор на уште пет години", рекла Елизабет.

Таа истакнала дека по киднапирањето се понадевала дека ќе и биде полесно кога Мичел и кажал дека има сопруга. "Но, кога ја видов, таа надеж згасна", додала Елизабет.

##https://twitter.com/pinkpinta13/status/1042464061705912320##

Таа раскажала дека Мичел ја силувал секој ден, понекогаш и неколку пати дневно, а дека Барзи секогаш била во близина. "Мислам, навистина беше блиску. Немаа тајни. Таа знаеше што се случува. Таа е злобна", оценила Елизабет.

Жртвата навела дека киднаперите ја принудувале да пие големи количини на алкохол.

"Бев 14-годишно девојче, никогаш до тогаш немав пробано алкохол, а завршував повраќајќи и потоа се онесвестував', раскажала таа.

Елизабет истакнала дека киднаперите така онесвестена ја оставиле да лежи цела вечер, а кога се разбудила наутро открила дека лицето и косата и се залепени за подот, додека Барзи и Мичел и се смееле во лице.

"Двајцата ми се смееја. Таа се смееше. Се смееше како и тој, можеби и повеќе", навела Елизабет, додавајќи дека е загрижена за заедницата и пошироката јавност колку и за себе, сега кога Барзи е слободна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг