(Во живо) Евакуирани станарите во зграда во Скопје, полицијата влезе внатре

Макфакс

19/09/2018

20:42

8.906

Големина на фонт

а а а

Жителите од зграда на улицата ,,Кузман Јосифовски Питу” број 15 во скопската населба Аеродром, кај Мезе барот се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Полицијата, Противпожарна екипа и Брза помош се повикани на терен. Се проверува влезот на зградата, каде неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг