Уставниот суд ја почна седницата за референдумот

Макфакс

19/09/2018

10:58

1.597

Големина на фонт

а а а

Почна седницата на Уставниот суд на која точка на дневен ред е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот.

Една иницијатива поднесе Светскиот македонски конгрес, додека другата е на партијата Левица.

Како што објави „Макфакс“, судијата известител за предметот – Елена Гошева, во подготвениот реферерат, им предлага на колегите да поведат постапка, како и да изречат времена мерка – стопирање на сите активности за референдумот закажан на 30. септември.

Во оваа насока се и очекувањата на Левица од каде наведуваат дека одлуката за референдум е неуставна, спротивна за Законот за референдум, а ги спорат и конструкцијата и карактерот на прашањето.

Конечната одлука ја носат деветмина судии со мнозинство гласови, зад затворени врати.