Со автомобил влетал меѓу луѓе пред џамија во Лондон: Верниците врискајќи се разбегале, двајца завршиле под тркалата

Точка

19/09/2018

10:13

1.596

Големина на фонт

а а а

Британската полиција објавила утрово дека две лица биле пренесени во болница по извештајот дека автомобил удрил во пешаци пред џамија во северозападниот дел на Лондон.

Се наведува дека полицијата е "отворена за сите верзии кога станува збор за причината за нападот". 

"Reuters" не успеал да добие потврда од лондонската полиција.

Според зборовите на очевидците, еден постар човек бил одведен во болница во несвест, додека два млади лица биле полесно повредени и исто така одведени во болница.

Сведоците наведуваат дека возачот извикувал антиисламски пароли пред да влета меѓу пешаците.

Возачот побегнал од самото место и полицијата трага по него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг