Со пари од ЕУ и општина Берово интензивно се реализираат важни проекти

Точка

19/09/2018

10:10

2.667

Големина на фонт

а а а

Со пари од Европската Унија и општина Берово, интензивно се релизираат важни проекти. Во моментов, во крајна фаза е проект вреден речиси половина милион евра, кој е од клучно значење за развој на туризмот во општината.

Имено, преку ИПА проект обезбедени се пари за водоснабдување на туристичката населба Беровско езеро :

„При крај се градежните активности од проектот „Градење на инфреаструктура за одржлив развој на туризмот, проект вреден 498.000 евра, од кои 291.000 евра добива општина Берово, а останатите за партнерската општина Сандански од Бугарија. Проектот е финансиран преку ИПА Програмата на ЕУ за прекуграничка соработка“, објасни Звонко Пекевски, градоначалник на општина Берово.

Исто така, со европски пари општината го работи проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Берово“ :

„Во склоп на овој проект се асфалтираа улиците Бел Камен, 11-ти Октомври, Марксова, Крушевска Република и Ѓуро Ѓаковиќ“, рече Пекевски.


Парите за овие проекти се добиени како грант од ЕУ и дел од нив се искористени за улиците, а околу 134.000 евра ќе се искористат за изградба на градски пазар во Берово.

Но, на европски пари, Берово се надева и во наредниот период, за што веќе аплицираше со конкретни проекти:

„Заедно со општина Струмјани од Република Бугарија веќе аплициравме со две мерки – едниот е реконструкција на речното корито на река Брегалница во Берово, а другиот е набавка на специјално теренско возило за гаснење на шумски пожари“, истакна Пекевски.

Според Пекевски, ИПА фондовите се единствениот начин во Берово да се изградат скапи капитални проекти кои се во насока на подобрување на квалитетот и условите за живот на граѓаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг