Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 26 до 31 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната температура ќе достигне до 31 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и релативно топло време.