Роналдо во издание во какво што никогаш не е виден: Што направи Португалецот пред последното финале во ЛШ

Дерби

18/09/2018

14:31

2.674

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо својот последен меч во дресот на Реал Мадрид го одигра на големото финале во Киев против Ливерпул, натпревар по кој за првпат најави дека е подготвен да ја напушти шпанската престолнина.

Два месеци по ваквата изјава, Кристијано ги потврди сензационалните најави и му се приклучи на Јувентус, но сега повторно се најде во фокусот на вниманието од својата етапа од Реал поради документарецот кој го презентираше клубот за 13-та титула во Лигата на шампионите.

Во видео материјалот, португалската ѕвезда може да се забележи во едно невидено издание, бидејќи непосредно пред големото финале со Ливерпул, Роналдо покажа дека и тој е суеверен како многумина други фудбалери.

Португалецот неколку пати ја бакна својата амајлија и се помоли во себе пред шкафчето, а потоа им порача на своите соиграчи дека посебно треба да внимаваат во првите 20 минути од мечот, период од играта во кој Англичаните се посебно агресивни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг