(Видео) Мицкоски-Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион

Макфакс

17/09/2018

17:59

883

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со Јоханес Хан, комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

На средбата стана збор за политичката состојба во државата, евро-атлантските интеграции на Македонија, како и актуелниот референдум за договорот со Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за Македонија членството во НАТО и во ЕУ е од стратешки и државен интерес. 

Мицкоски потенцира дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, односно надвор од познатите принципи и начела на партијата. Тој го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа повторени критиките за Владата на СДСМ и Зоран Заев, чие работење го одбележуваат секојдневни криминални афери.

Соговорниците се согласија дека евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи што се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг