Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот: Секој глас е важен

Макфакс

17/09/2018

12:46

843

Големина на фонт

а а а

Секој глас е важен и е од одлучувачко значење, изјави европскиот комесар за приширување на Унијата, Јоханес Хан за време на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот.

Осврнувајќи се на престојниот референдум во Македонија, Хан ги повика македонските граѓани да гласаат бидејќи, како што рече, референдумот е од круцијално значење.

За време на конференцијата за медиумите свое обраќање имаше и премиерот Зоран Заев кој предупреди дека лажните вести го поткопуваат владеењето на правото и довербата. Заев говореше и за стравувањата од руско влијание пред референдумот, посочувајќи дека не постојат докази за мешање од страна на Москва.