Apple минатата недела ги претстави новите iPhone телефони, нов паметен часовник и уште многу други работи.
Но, изгледа дека тоа не било сè, а најновата информација која технолошкиот гигант ја подготви се однесува на неговата програма за замена на батерија.
Кон крајот на 2017 година, Apple помина низ сериозно фијаско кое се однесуваше на батеријата, кога беше откриено дека ја намалуваше брзината на работата на одредени iPhone модели, кога батеријата деградираше до одредено ниво.
За да се искупи, Apple започна да нуди замена за батерија за сите корисници и тоа по цена од 29 долари.
Тоа беше прилично добра понуда, но сега сме неколку месеци оддалечени од 2019 година и Apple објави нови цени за замена на батеријата-кога оваа едногодишна цена ќе истече.
Погледнете колку ќе чини замената на батерија на iPhone после 1 јануари:
49 долари: iPhone SE, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8 и iPhone 8 Plus.
69 долари: iPhone XS, iPhone XS Max, iPhone XR и iPhone X.
79 долари: Сите останати модели.