Единствена Македонија: Матис треба да ја прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине

Макфакс

17/09/2018

11:48

1.674

Големина на фонт

а а а

Од партијата Единствена Македонија велат дека се силно изненадени од непознавањето кое државниот секретар на САД, Џејмс Матис, го покажал за состојбите во Македонија во врска со референдумот на 30 септември.

Оттаму прашуваат за кое руско влијание и за кои руски пари зборува Матис кога, како што велат, 27 години Македонија е заложник на погубното влијание на НАТО земјите и силните пари во стотици милиони евра на ЦИА и „Сорос“.

„Единствена Македонија сочувствувува со непријатната ситуација во која е Матис бидејќи во скоро време ќе треба да се прифати реалноста дека македонскиот народ не сака да се самоукине и да биде избришан од светската мапа на нации. Џејмс, извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека македонскиот народ овој пат ќе победи, што подразбира дека македонскиот народ сака да остане свој на своето и затоа референдумот нема да успее, народот масовно ќе бојкотира и нема да излезе да гласа“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата.