Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Тој се очекува да се сретне со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и со претседателот Ѓорге Иванов.
За американската делегација предводена од Матис, ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата.
Матис претходно изјави дека ќе дојде во Македонија за да даде јасна поддршка за референдумот, но и загриженост поради можно мешање на Москва во процесот.
Прв пат во изминатите 14 години, во Македонија доаѓа американски секретар за одбрана.