Монпелје на колена: Вардар го сруши европскиот шампион на негов терен

Дерби

15/09/2018

19:22

3.297

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар издвојуваа голема победа на гостувањето кај Монпелје со 27-24 првиот меч во новата сезона во Лигата на шампион.

Новиот состав на „црвено-црните“ предводен од Парондо одигра перфектно на средбата кај актуелниот европски шампион и сосема заслужено дојде до триумф со кој покажа дека овој тим поседува квалитет и ќе игра значајна улога во елитното натпреваруавње.

Вардарци го добија првиот дел со 12-11, потоа на стартот на вториот дел и до 14-11, но потоа дојдоа и кризни моменти кои домаќинот ги искористи и поведе со 19-18. Меѓутоа нашиот првак повторно се разбуди и на крилјата на денеска одличниот Милосављев се врати во игра, нападот почна да функционира за на крај победа од три разлика.

Токму Милосављев со 15 одбрани беше фантастичен на голот, додека пак Борозан и Чупиќ искомбинираа 14 голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг