Еве како настануваат чудовишните урагани, посилни од нуклеарниот удар во Хирошима! Црни прогнози: Најлошото допрва доаѓа

Точка

15/09/2018

16:47

8.154

Големина на фонт

а а а

Ураганот Флоренс го удрил брегот на САД, тајфунот Мангкут се приближува до Филипините, а тамошното население бега или се крие пред можната катастрофа.

Ураганите, циклоните и тајфуните се различни географски имиња за ист вид на големи тропски олуји, кои се формираат во океаните во близина на Северна и Јужна Америка и Азија. 

Носат обилни дождови, оркански ветрови, олујни удари, огромни бранови и можат да бидат смртоносни и разорни кога ќе дојдат до копно.

Во своите најлоши издание овие полиња на низок притисок се помоќни од атомската бомба која ја срамнила Хирошима со земја.

На Атлантикот и северот на Тихиот океан се познати како урагани, на истокот на Азија ги нарекуваат тајфуни, а на југот на Пацификот и во Индискиот океан циклони.

Скромни почетоци

Циклоните почнуваат како едноставни грмотевични олуји.

На северната полутопка се обликуваат во вртлог кој обратно од сказалките на часовникот се движи преку океанот. Циклоните на југ се движат во насока на сказалките.

Водата која се таложи потоа се претвора во силен дожд кој носи катастрофални поплави, штета и загуба на животи.

##https://twitter.com/Breaking911/status/1040810841191456769##

Олујите можат да пораснат до 1.000 километри во ширина, а во нивното средиште е "окото", подрачје на мирни метеоролошки услови кое е широко десетина километри.

Ураганите секогаш слабеат кога патуваат на копно или во постудените подрачја на океанот.

Најлошото допрва доаѓа

Научниците долго предупредуваат дека глобалното затоплување ги прави олујите поразорни, а некои тврдат дека доказите за тоа се веќе видливи.

Топлите океани даваат ново гориво кое ги храни циклоните, а растот на нивото на морето ги засилува олујните удари.

Циклоните ќе бидат многу помоќни, понасилни и подеструктивни, а очекуваме и повеќе дождови, велат научниците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг