Мурињо за „разделбата“ со Погба: Ако не сака да замине…

Дерби

15/09/2018

15:22

2.519

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е во комплицирана ситуација откако Манчестер Јунајтед не ја започна сезоната на посакуваниот начин, има недоразбирања со раководството и постојано мора да ги слуша шпекулациите дека наскоро може да остане без Пол Погба.

Во пресрет на новото премиерлигашко коло, Мурињо зборувал токму за Французинот.

– Пол се врати на тренинзите една недела пред да почне сезоната, што значи дека сме заедно отприлика два месеца. Никогаш не ми рекол дека сака да замине. Јас можам да го коментирам она што е реално, а не тоа што го читам или слушам. Немам директен контакт со луѓето што пишуваат, но затоа директно комуницирам со Пол и тој не спомнал заминување.

– Ако не вели дека сака да замине, тогаш сака да остане. Тоа е мојот едноставен заклучок, – истакнал Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг