Полицаец го извршил убиството во Прилепско

Макфакс

15/09/2018

13:16

7.825

Големина на фонт

а а а

Полицаец од Битола го извршил убиството што се случи вчера во прилепското село Беловодица. Според информациите на МВР станува збор за лицето Енвер Тоска (24), кој три години работел како полицаец во СВР Битола. Тој го признал делото и е приведен во полициска станица.

Убиениот е идентификуван како Алили Бекир (36) од Битола. Тој бил сопственик на продавница. Неофицијално убиството се случило поради долг на пари односно полицаецот му должел пари на убиениот. Тоска најпрвин го застрелал Бекир, па го запалил.

Според информациите од полицијата, вчера околу 16:30 часот во полиција било пријавено дека на патот гори автомобил. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а во автомобилот го пронашле телото на Бекир. На неговото тело биле пронајдени четири прострелни рани. Убиецот бил приведен во 2 часот по полноќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг