Зошто некои Американци остануваат дома за време на ураганите?

Точка

14/09/2018

19:19

7.014

Големина на фонт

а а а

Чудовишниот и опасен по живот ураган Флоренс натерал околу милион Американци од сојузните држави Северна и Јужна Каролина на бегство.

"Со останување дома го ризикувате сопствениот живот. Не планирајте да тргнете кога ќе почнат дождот и ветерот", рекол гувернерот на Северна Каролина Рој Купер. Речиси идентична порака пратил и неговиот колега од Јужна Каролина: "Евакуирајте се. Ако не го направите тоа, зависите само од себе". 

Но, и покрај наредбата на локалните и државни власти за задолжителна евакуација, помал дел од жителите во загрозените подрачја одлучиле да останат дома и "да бидат сведоци" на најмоќниот ураган кој го погодил источниот дел на САД во последните 30 години. Зошто?

Една од најголемите причини - домашни миленици

Џојс Бучино живее на неколку згради од морето во местото Норт Миртл Бич, Јужна Каролина, но во разговорот за "ABC News", рекла дека не оди никаде. Таа и нејзиниот сопруг, заедно со уште неколку жители, се спротивставуваат на наредбите за евакуација. Најголем фактор во нејзината одлука, вели, се нејзините домашни миленици и нејзината доверба во многу, многу безбедната куќа чија изградба таа и нејзиниот сопруг сами ја надледувале.

Ова семејство, имено, има неколку кучиња и мачки, а во куќата ќе чуваат и две други мачки за да ги заштитат од олујата. "Тоа е како да имате деца. Нема да ги напуштите своите деца. Тие чувствуваат стрес. Чувствуваат промена на притисок во воздухот и стресот на своите сопственици", вели за своите животни.

Ронда Хит живее на 250 километри посеверно во градот Њу Берн, во Северна Каролина, но и таа ја донела истата одлука. Оваа 54-годишна сметководителка вели дека има "премногу животни". "Се чувствувам покомфорно тука", вели и додава дека ако се евакуира, "не знае кога ќе може да се врати". Сепак, и таа признава дека овој пат е загрижена поради "интензитетот" на ураганот. "Минав низ многу од нив, но за овој имам најлошо претчувство досега", признава таа.

И оние кои останале велат дека овој пат стравуваат повеќе од било кога

Хит, како и сите други жители кои одлучиле да останат, подготвила резерви: конзервирана храна, леб, вода и чипс. "Работи кои не мора да ги греете и за кои не ви е потребна струја", вели и додава: "Кога сум во својот дом, знам дека можам да се грижам за себе и за своите животни".

40-годишната Џејми Марвули има лошо претчувство за ураганот Флоренс, но сепак одлучила да остане. Единствен пат кога се евакуирала било во 1999. година, кога нејзиното училиште наредило задолжителна евакуација пред ураганот Флојд. Сепак, ни сега не сосема сигурна. "Ова е прв пат да се спакувам и да ги подготвам своите кучиња, да бидат подготвена ако мора да заминам", вели таа.

"Се обидовме да ги имаме сите резерви кои ни требаат во шест куќи", вели Марвули ги набројува работите кои ги купиле: леб, батериски лампи, свеќи и фенери, меѓу другото.

"Урагански пијанки" и помош од другите

Другите Американци имаат некои други, прилично необични причини. "Ако ме прашате зошто не се евакуирав од Вилмингтон во Северна Каролина пред ураганот Флоренс, ќе ви кажам вака: бранови и урагански забави. Ова исто така е вистина. Сурфав на одличните бранови и имав урагански пијанки оваа седмица. Но всушност, се чувствувам принуден да останам и да помогнам на било кој начин откако ќе удри олујата", пишува Џереми Томинек во колумна за "Fox News".

"Имам моторна пила, камп-приколка и 4x4 Субару теренец. Јас и другите членови на рагби тимот Cape Fear се собравме и планираме да сечеме гранки од стебла и да ги чистиме урнатините кога олујата ќе пројде", вели Томинек и додава: "Другата причина поради која одлучив да останам е бидејќи можеби ќе биде премногу тешко да се вратам поради поплавите и оштетувањата. Поради тоа, ако вашата куќа има огромна дупка додека сте вие евакуирани, во неа ќе врне две недели и ќе ви ја населат животни. А мора да го браните својот дом. Како што кажа мојот пријател Марк додека пиевме вчера - "смрт пред загуба на честа"".

Но, многу други никако не би се согласиле со овој прилично храбар став, а меѓу нив е Трејси Глесон од Хартсвил, Јужна Каролина, која заминала во засолниште во средно училиште во Саут Флоренс.

"Кој и да е бројот, ако а категорија 2, можам да го издржам тоа. И можеби можете. Но, што ќе правите ако не можете? Знаете, и тоа е страшно. Ако сте во ситуација наеднаш да сфатите дека сте донеле лош избор, а нема кој да ви помогне. Никој нема да дојде, нема бел витез што ќе се појави и ќе ве спаси. Па, што ќе направите. Сакате ли да го преземете тој ризик или сакате да дојдете во засолниште како ова, да немате комфор 24 до 48 часа, но да преживеете?", се прашала реторички оваа Американка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг